Sвезда на Манчестер Сити се сели на „Алијанц арена“

Баерн Минхен е заинтересиран за услугите на ѕвездата на Манчестер Сити, Лирој Сане, откако Пеп Гвардиола го одобрил заминувањето на германскиот фудбалер. 23-годишниот крилен напаѓач сезонава за англискиот шампион забележа 46 настапи, на кои постигна 16 гола и 18 асистенции.

Сепак, во финишот на сезоната најчесто добиваше шанса од клупата, поради што и самиот  одлучил да замине од клубот и да побара средина во која ќе биде стандарден првотимец. Баерн Минхен сака да ја искористи шансата што се нуди, а од „Етихад“ е дадено зелено светло за преговори меѓу агентот на Сане и баварскиот клуб.

Лирој Сане има договор со Сити до 2021 година, а во Манчестер стигна во 2016 година од Шалке за сума од 50 милиони евра.

 

 

Се вчитува...