Миле Свилар повторно е во фокусот на вниманието на дуелите меѓу Бенфика и Манчестер јунајтед, откако младиот српски голман по само десетина минути игра му одбрани пенал на Ентони Марсијал.
Французинот беше соборен во противничкиот шеснаесетник, судијата престрого покажа на белата точка, но Свилар одлично го прочита Марсијал, тргна на својата десна страна и го одбрани ударот од единаесет метри.
Само за потсетување, во минатото коло токму Свилар беше трагичарот на Бенфика, подарувајќи им гол на „црвените ѓаволи“ при поразот од 0-1 во Лисабон на дуелот меѓу овие два тима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА