Милан со многу мака успеа да стигне до цел плен на денешниот дуел со Сасуоло благодарение на голот на Кристијан Пулишиќ, а во центарот на вниманието на италијанската јавност се најде Рафаел Леао. Португалецот одигра уште еден дуел далеку под своите можности, а кога тренерот Пиоли реши да го повлече од игра, Леао доби гласни свирежи од сопствените навивачи, кои јасно му ставија до знаење дека очекуваат далеку подобри изданија од него.
За изненадувањето да биде уште поголемо, капитенот Алесандро Флоренци по мечот прокоментира дека навивачите се во право што го исвиркуваат најдобриот фудбалер на тимот.
„Ако сакате да бидам искрен? Воопшто не ги ни слушнав свирежите, имав други работи за кои размислував во тие моменти. Сигурен сум дека Леао има доволно силен карактер за да го надмине ова. Од перспектива на навивачите, тие веруваат дека свирежите се заслужени и јас го разбирам нивното однесување. Од друга страна, имам апсолутна доверба во Леао, кој е наш најдобар фудбалер и кој дефинитивно може да ги претвори свирежите во аплаузи веќе на наредниот натпревар“, изјави Флоренци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА