Свирежите го мотивираат најдобриот: Ѓоковиќ ја „запали“ публиката, па го збриша противникот (видео)

Новак Ѓоковиќ не е омилен меѓу француските тениски фанови на Ролан Гарос, што можеше да биде забележано и на денешниот дуел со Давидович Фокина што српскиот тенисер го доби со 3-0.

Новак беше максимално мотивиран, а по добиениот втор тајбрејк во низа еруптираше од задоволство по водството од 2-0, врескајќи на теренот. И додека малубројните негови фанови го бодреа за ваквата прослава, од голем дел од навивачите се слушнаа и свирежи кон најдобриот тенисер на денешницата.

Свирежите станаа уште погласни откако Ѓоковиќ една минута подоцна побара медицински тајмаут и масажа поради болка во мускулот. Навивачите јасно ставија до знаење што мислат за гестот на Србинот, тој најпрвин дополнително ги „запали“ трибините, а потоа ги стивна со мајсторско издание во третиот сет го реши незгодниот ривал и се пласираше во следната рунда од Ролан Гарос.

 

Се вчитува...