Бранителката на трофејот од минатата година, Елина Свитолина, е првата полуфиналистка на завршниот турнир на осумте најдобри тенисерки во Шенжен. За пласманот меѓу четирите најдобри уште по второто коло во „пурпурната“ група, Свитолина со 2-0 во сетови ја победи Симона Халеп. Токму ваков триумф и беше потребен за да си обезбеди полуфинале на патот кон одбраната на трофејот.
Воведниот сет, Свитолина го доби со 7-5, а вториот и припадна со 6-3. Халеп сега за пласман во полуфиналето ќе го чека исходот од втората пресметка во оваа конкуренција меѓу Каролина Плишкова и Бјанка Андреску. Ако победи Плишкова, Свитолина ќе биде и првопласирана во групата, а Андреску елиминирана. Тогаш Плишкова и Халеп во третото коло ќе се борат за втората позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА