Бранителката на титулата од минатата година, Елина Свитолина победнички влезе во финалниот турнир на осумте најдобри тенисерки во годината во Шенжен. Славеше победа од 2-0 во сетови над второрангираната Каролина Плишкова. Свитолина го доби воведниот сет во драматичниот тај-брејк, а во вториот сет беше подобра со 6-4.
Во вториот дуел од првото коло во „пурпурната група“, Симона Халеп се изнамачи за победаната од 2-1 во сетови над Бјанка Андреску. Канаѓанката го доби првиот сет со 6-3, а потоа Халеп тргна кон пресврт и беше подобра во вториот сет во кој се играше тај-брејк. Решавачкиот трет сет и припадна на Романката со 6-3.
Во второто коло, в среда, меѓусебе ќе играат денешните победнички Свитолина и Халеп. Вчера турнирот стартуваше со победи на Ешли Барти над Белинда Бенчич и на Наоми Осака над Петра Квитова во мечевите од „црвената група“. Барти и Осака играат утре во дуел од втората рунда. Прво и второпласираните од двете групи вкрстуваат во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА