Елена Свитолина е прва финалистка на завршниот ВТА турнир во Сингапур. Таа во полуфиналето во три сета ја совлада Кики Бертенс.
Првиот сет Свитолина го доби со 7-5, а во вториот се играше тај-брејк кој и припадна на Холанѓанката. Сепак, Свитолина имаше повеќе сила и нерви во третиот сет, го доби со 6-4 во гемови и се пласираше во големото финале.
Во второто полуфинале играат Слоун Стивенс и Каролина Плишкова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА