Украинката Елина Свитолина изненадувачки го освои трофејот на завршниот ВТА турнир од сезоната во Сунгапур. Таа во финалето по голема борба ја совлада Слоун Стивенс со 2-1 во сетови, и ја продолжи традицијата од последните четири години, победничка да биде тенисерка која нема освоено грен-слем титула.
Свитолина вели дека сега веќе нема потреба никому ништо да докажува, кога се во прашање нејзините резултати и (не)успеси.
„Изминатите пет месеци напорно работев, и се соочував со подеми и падови, издржав и тешки моменти, но сега веќе не треба никому ништо да докажувам. Пресреќна сум и горда на себе, затоа што верував дека можам да остварам успех и кога работите не се одвиваа според планот“, изјави украинската тенисерка.
Елина Свитолина се врати меѓу најдобрите пет тенисерки на ВТА – листата, по триумфот на турнирот во Сингапур.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА