Своеглавиот Погба е најголем виновник за продолжената повреда, Мурињо бесен!

Повредата на бутниот мускул која Пол Погба ја заработи на мечот со Базел, го налути неговиот тренер, Жозе Мурињо, бидејќи главна причина за повредата e самиот фудбалер, а не стартот кој го направи во обид да ја освои топката.

Имено, францускиот фудбалер подолго време се мачел со оваа повреда, поточно се опоравувал од минатата сезона, Мурињо го советувал да води сметка за себе,  па му дал посебен режим за работа во текот на летото.

Погба тоа го игнорирал, и ангажирал приватен тренер со кого работел на посебен режим, па сега медицинскиот тим на Јунајтед тврди дека токму таа одлука само го влошило опоравувањето на самиот мускул, и дека ваквите повреди ќе бидат се почести во текот на сезоната.

Јасно е зошто Мурињо е бесен. Да се почитуваа иснструкциите на „Специјалниот“, сега Погба воопшто немаше да биде повреден, а не пак да отсуствува шест недели и да пропушта важни натпревари. Се очекува играчот за врска да биде подготвен за кам-бек на терените најдоцна до крајот октовмри, во пресрет на мечот со Тотенхем.

Се вчитува...