Карлос Карвахал е изборот на раководството на Свонси за нов менаџер на овој премиерлигаш, откако денеска беше потпишан договор за овој португалски стратег да го наследи Пол Клемент на клупата на „лебедите“ од Велс.
Во игра беа уште неколку стратези со премиерлигашко искуство, но челниците на Свонси сепак се решија за 52-годишниот Португалец кој доаѓа од Чемпионшип-дивизијата. Имено, Карвахал ја почна сезоната на клупата на Шефилд венздеј, а интересно е што пред само неколку дена доби отказ во овој клуб, за сега да биде „унапреден“ во Премиер-лигата.
„Веруваме дека го носиме вистинскиот избор, Карлос два пати стигнуваше до плејофот за влез во Премиер-лигата. Тој е стратег со фантастичен карактер кој ќе има сила да го покрене нашиот фудбалски клуб во овој кризен период“ – изјави претседателот на Свонси, Хју Џенкинс.
Карвахал ќе дебитира на клупата на Свонси на саботниот натпревар, на гостински терен против Ватфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА