Англискиот премиерлигаш Свонси одлучи да го отпушти досегашниот менаџер Пол Клемен поради слабите резултати на тимот во шампионатот. Свонси е последнопласиран тим на табелата во Премиер – лигата, и има само 12 бода по 18 кола во првенството.
„Ова е последната работа што сакавме да ја направивме, но едноставно сме принудени на ваков чекор. Резултатите на тимот се далеку под очекувањата, а во една таква ситуација, менаџерот мора да ја понесе одговорноста“, изјави претседателот на клубот, Хјув Џенкинс.
Клемен во јануари дојде на кормилото на Свонси и си заминува по нецела година како менаџер на овој тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА