Свонси се закопа, Саутемптон на чекор до опстанок

Саутемптон е многу близу до осигурување на опстанок во Премиер-лигата откако во директен дуел славеше на гостувањето против Свонси со минимални 0-1.

Двата тима влегоа во овој меч со ист број на бодови, а „светците“ дојдоа до огромен триумф благодарение на голот на Габиадини во второто полувреме, откако екс-фудбалерот на Наполи најдобро се снајде во една мешаница во шеснаесетникот и го матираше Фабијански.

За Саутемптон ова значи речиси сигурен опстанок бидејќи на едно коло до крајот има три бода предност во однос на Свонси, но и подобра гол-разлика од велшкиот клуб.

За Свонси останува последната шанса в недела да го совлада Стоук, но и Хадерсфилд да ги загуби своите последни две средби, против Челси и Арсенал.

Се вчитува...