Табела на медали: Норвешка го презеде лидерското место од Германија

За првпат од стартот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Германија веќе не е најдобрата нација по бројот на освоени медали.

По вчерашниот златен медал на Норвежаните во штафетната трка во крос-кантри, Скандинавците стигнаа до деветтото свое злато па се пробија на врвот на табелата израмнувајќи се по бројот на најсјајни одликувања со Германија. Но, Норвешка има далеку поголем број сребрени и бронзени одликувања (вкупно 26). Германија остана на 18 медали (9 златни).

На третото место и натаму е Холандија пред Канада и САД.

ТАБЕЛА НА МЕДАЛИ НА ЗОИ 2018…

Се вчитува...