Табоада: Ќе биде посебно чувството да играм против Пелистер

Ракометарите на Пелистер утре ќе гостуваат во Данска на тимот на Фредерица во обид да стигнат до првата победа во ЛШ по долга, долга пауза, но за тоа да се случи ќе треба да најдат начин да ги неутрализираат своите двајца поранешни членови.

Данецот Себастијан Хенеберг и Кубанецот Реиние Табоада се дел од клучните играчи во таборот на Фредериција, а токму Табоада во разговор за клупската веб-страница со огромен респект говореше за Пелистер. Тој ја мина сезоната 2021/22 во дресот на битолскиот клуб откако пристигна од француски Данкерк, но една година подоцна си замина потпишувајќи токму за Фредериција, тим за кој настапува до ден денеска.

„Секогаш е посебно кога ќе играш протим тим за кој си настапувал во минатото. Ќе биде специјално чувство да излезам на терен против Пелистер, бидејќи и во клубот и во играчкиот кадар има доста луѓе кои ги знам од порано. Ќе биде прекрасно повторно да ги видам тие лица… Што се однесува до самиот меч, верувам дека ќе се игра во високо темпо бидејќи двата тима многу посакуваат да стигнат до бодовите. Мораме да се фокусираме на одбраната бидејќи Пелистер има неколку квалитетни офанзивни играчи што ќе мораме да ги запреме. Играме се подобро на секој нареден меч во ЛШ, очекувам тој тренд да продолжи и против Пелистер“, изјави Табоада.

Фредерициа е претпоследна во групата А од Лигата на Шампионите со два освоени бода, еден повеќе од Е. Пелистер на последната позиција.

Се вчитува...