Тачдаун што мора да се погледне: Мајами на чудесен начин го победи Њу Ингланд

Мајами долфинс и Њу Ингланд патриотс го одиграа највозбудливиот натпревар во НФЛ-лигата во последните неколку години, по неверојатната победа до која стигна домашниот тим со 34-33.

„Патриотите“ беа на работ на триумф, водејќи пет поени разлика, а Мајами имаше само една шанса од 69 јарди да стигне до тачдаун. Во 99,9% од случаите ова е невозможна мисија, но она што „делфините“ го сторија е премногу добро и оригинално, со две латерални додавања (по пасот од квотербекот, играчите можат да си додаваат само странично и наназад, никако и со додавање напред) ги изненадија „патриотитe“, па потоа со трчање од триесетина метри стигнаа до тачдаун, за тотална еуфорија меѓу домашните навивачи.

 

Се вчитува...