Тадеј Погачар нема да вози на ЛОИ во Париз

Словенечкиот велосипедски ас Тадеј Погачар поради замор го откажа настапот на Олимписките игри во Париз, објави словенечката новинска агенција (СТА).

Селекторот на словенечката машка велосипедска репрезентација Урош Мурн ги објави имињата на велосипедистите кои ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Париз. Меѓу нив нема да биде Тадеј Погачар, кој поради замор го откажа учеството. На негово место ќе дојде неговиот репрезентативен колега Домен Новак, соопшти раководството на словенечката репрезентација.

Во неделата, Погачар го освои својот трет Тур де Франс по 2020 и 2021 година. Тој исто така стана осмиот возач во историјата на велосипедизмот кој победил на две од најголемите тринеделни трки во светот , Џиро д’Италија и Тур де Франс во иста година. Погачар освои бронза на друмската трка на последните Олимписки игри во Токио, а беше трет на друмската трка на СП во Глазгов 2023 година.

Се вчитува...