Тадеј Погачар по трет пат во кариерата стана шампион на Тур Д’Франс

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар по третпат во кариерата победи на најпрестижната велосипедска трка во светот „Тур Д’Франс“.

Дваесетипетгодишникот покажа уште една демонстрација на сила, победувајќи го завршниот хронометар за да ја освои шестата етапна победа на овогодинешната трка и неговата трета за исто толку дена. Погачар ја заврши трката со време од 83.38:56 часа, односно 6.17 минути пред второпласираниот Вингегор.

„Многу сум среќен. По двете лоши години што ги имав, оваа беше совршена. Голема среќа за мене, неверојатно е она што се случи. Можно е секој ден да има лоши денови, но тука бев мотивиран секој ден“, изјави Погачар по победата.

Се вчитува...