Тадиќ: Баш убава можност да им се одмаздиме на Швајцарците

Капитенот на српската репрезентација, Душан Тадиќ, е задоволен од добиените противници на СП 2022, иако ждрепката не му беше премногу наклонета на нашиот северен сосед.

Идентично како и пред четири години, Србија ќе води мундијалски битки со Бразил и со Швајцарција, со таа разлика што овојпат последна селекција во групата е Камерун, наместо Костарика од последниот мундијал.

„Искрено, ова е чудна ситуација бидејќи добивме речиси идентична група како пред четири години во Русија. Тогаш не успеавме да стигнеме до осминафиналето, но сега имаме шанса за поправен испит. Нема да биде лесно, но јас верувам дека можеме да стигнеме до едно од првите две места во групата. Бразил секако е најзвучно име, додека Швајцарија е традиционално незгоден ривал. Сепак, тој меч ќе биде убава можност да им се одмаздиме на Швајцарците за поразот во Русија. Што се однесува до Камерун, тоа е типична африканска репрезентација која е физички силна и може да направи проблем на секој ривал“, истакна Тадиќ.

Се вчитува...