Душан Тадиќ конечно пресече и во следните 48 часа би требало да пристигне во Белград на лекарски прегледи и потпис со Црвена Звезда. Српскиот првак долго време се обидуваше да го убеди искусниот напаѓач да дојде на „Маракана“ и на крајот успеа во тоа, откако претходно пропадна шансата Тадиќ да се пресели во Атлетико Мадрид.
Доскорешниот српски репрезентативец добил понуда што не се одбива, информираат српските медиуми повикувајќи се на првиот човек на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ.
Тадиќ ќе има загарантирани два милиони евра по сезона во наредните две години, но и богати бонуси со кои ќе биде награден за добрите партии што сите ги очекуваат од него. Конкретно, Тадиќ ќе добие 200.000 евра бонус ако Црвена Звезда се пласира во ЛШ, секој освоен бод на српскиот тим во ЛШ ќе значи и дополнителни 30.000 евра на смеетката на овој голгетер, кој ќе има и по 5.000 евра бонус за секој гол или аситенција во елитното европско натпреварување.
Во случај Црвена Звезда да не стигне во ЛШ и мора да игра во Лигата на Европа, бонусот за влез во ова натпреварување ќе изнесува 50.000 евра. Тадиќ ќе добие и дополнителни 30.000 евра ако неговиот нов тим ја одбрани титулата во домашното првенство, натпреварување во кое Црвена Звезда е апсолутен фаворит.
Дефинитивно, понуда каква што досега немало во српскиот фудбал, која Тадиќ пред самиот крај на кариерата сосема оправдано ќе ја прифати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

