Тадиќ им се извини на Пикси и соиграчите: „Бев непромислен…“

Капитенот на Србија, Душан Тадиќ предизвика бура реакции во српската фудбалска јавност со изјавата по крајот на дуелот со Англија, во која најгласи дека тој е најдобриот фудбалер на Србија и не разбира зошто бил изоставен од стартната постава против Гордиот Албион.

Па, денеска преку соопштение на официјалниот сајт, Фудбалскиот сојуз на Србија информираше дека Тадиќ им се извинил на состанокот на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси и на соиграчите за таа негова изјава.

„Во хотелот ‘Максимилијан’ во Аугсбург одржан е состанок на стручниот штаб на чело со селекторот Драган Стојковиќ и репрезентативецот на Србија. Се разговараше за престојните обврски, а покрај другото капитенот на репрезентацијата Душан Тадиќ искористи можност да се извини на селекторот и соиграчите за непромислената изјава по мечот со Англија“ – се вели во официјалното соопштение од ФСС, во кое се дополнува:

„Репрезентацијата на Србија продолжува според планот и програмата со подготовките за вториот меч на ЕП. Утре попладне се сели во Минхен каде се предвидени медиумски активности, како и официјалниот тренинг“.

ПОВРЗАНО: Тадиќ лут на Пикси: „Јас сум најдобар, а тој ме стави на клупа“

ПОВРЗАНО: Пикси за Тадиќ: „Ух, не е добро ако навистина го рекол тоа“

Се вчитува...