Србија одигра сосема коректно на отворањето на ЕВРО 2024, загуби со минимални 1-0 од фаворизираната Англија, но наместо ова издание да послужи како мотив за подобри игри во иднина Србите повторно со внатрешен конфликт го покажаа својот „синдром на самоуништување“, нешто што премногу често се повторува на фудбалската селекција на нашиот северен сосед.
Овојпат во главна улога беше капитенот Душан Тадиќ, кој отворено го критикуваше селекторот Драган Стојковиќ – Пикси што го оставил на клупата за резерви на овој натпревар. Тадиќ влезе во игра во вториот дел, не направи речиси ништо на теренот, но не пропушти во изјавата по натпреварот да се пожали на одлуката на стручниот штаб, но и да се пофали самиот себе како најдобар фудбалер во својата репрезентација.
„Ми беше тешко, искрен многу тешко. Имам добра комуникација со селекторот, но тешко ја прирфатив оваа одлука. Прв меч на ЕП, играме со Англија, јас сум капитенот. Без лажна скромност, јас сум лидерот, најдобриот фудбалер во оваа селекција. Секако дека мислам дека требаше да почнам од првата минута… Ја почитувам одлуката на селектрот, но би можел да направам многу повеќе ако сум 90 минути на теренот. Ако тој мисли дека Душан Тадиќ треба да игра 30 минути, така ќе биде, јас тоа ќе го почитувам… Одиме понатаму, сакаме да се најдеме во следната фаза, тоа е најважно“, изјави Душан Тадиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА