Тадиќ одлучи: Повеќе нема да играм за Србија!

Душан Тадиќ повеќе нема да игра за Србија. Капитенот на српската репрезентација одлучил да стави точка на настапите во репрезентацијата, пренесува српски „Телеграф“.

„Тадиќ не ги објаснува причините за својата одлука, но може да се насети дека се ‘пукна’ на Европското првенство кога јавно ги критикуваше одлуките на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, кој не го стави во почетната постава за дуелот против Англија“ – пишува „Телеграф“.

Тадиќ имаше ситуација со Пикси и пред почетокот на ЕВРО 2024, па сето тоа сега се надополни со случувањата во Германија.

Се вчитува...