Тадиќ потпишува за Ајакс со најголем трансфер во Холандија

Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ ќе потпише договор со Ајакс и ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на клубот, но и воопшто во историјата на холандскиот клупски фудбал. Ајакс кој долго време се обидува да го купи српскиот инетернационалец, прво постигна договор со Тадиќ, а доцна синоќа се договори и со Саутемптон, и ќе исплати обештетување од 17 милиони евра. Тоа е најголемата купопродажба во историјата на холандскиот клупски фудбал.

Претпоставките се дека Тадиќ ќе заработува по 2 милиони евра годишно. Саутемптон му понуди зголемување на платата, но тој ја одби оваа опција за да може да се врати во холандскиот фудбал каде претходно настапуваше за Твенте, од каде во 2014 замина во Англија.

Тадиќ со Ајакс ќе потпише четиригодишен договор. Формалностите ќе бидат завршени по Светското фудбалско првенство во Русија.

 

Се вчитува...