Тадиќ промаши пенал во Букурешт, топката уште „патува“ за Белград

Душан Тадиќ е главниот виновник што Србија не води по првото полувреме на гостувањето во Букурешт против селекцијата на Романија, откако фудбалерот на Ајакс промаши пенал за својата селекција.

Србите претходно промашија две одлични шанси, но се чинеше дека водството им е „сигурно“ откако беше досуден пенал, притоа и покажа црвен картон на еден романски дефанзивец. Во Подгорица прецизен беше Митровиќ, овојпат одговорноста ја презеде Тадиќ, но асот на Ајакс се посрамоти со огромно промашување од единаесет метри.

 

 

Се вчитува...