Тадиќ: Тешко е да се каже нешто паметно, многу сме разочарани

Капитенот на српската репрезентација, Душан Тадиќ, крајно разочаран се појави пред новинарите по поразот од Швајцарија што значеше и елиминација на „орлите“ од овој светски шампионат.

„Големо разочарување владее кај сите нас, тешко е сега да се каже нешто паметно. Сакавме победа, сакавме осминафинале, но не успеавме. Лесно примавме голови на овој шампионат, вкупно осум… не може да се добиваат натпревари на вакво ниво со толку примени голови. Тоа не е вина само на дефанзивците, немојте да ме разберете погрешно, ако ние во нападот одигравме подобар пресинг, и на нив работата ќе им беше полесна“, изјави асот на Ајакс и на српскиот национален тим.

Србија го освои последното место во својата група, со само еден освоен бод, пет постигнати и осум примени погодоци.

Се вчитува...