Душан Тадиќ ќе биде фудбалер на Ајакс до 2024 година. Челниците на клубот од Амстердам по секоја цена сакаа да обезбедат престој на капитенот на српската репрезентација и успеаја во таа намера.
Стариот договор на српскиот ас истекува на 30 јуни 2023 година. Сега соработката е продолжена за уште една година. За време на летниот преоден рок, Тадиќ беше во контакт со Милан, но сега е јасно дека ќе ја продолжи кариерата во Холандија.
Душан дојде во Ајакс летото 2018 година од Саутемптон. Оттогаш, тој одигра 149 официјални натпревари за повеќекратниот европски шампион и постигна 76 гола. На почетокот на минатата сезона тој беше назначен и за капитен на овој тим.
„Јасно е дека Душан е една од клучните алки во нашиот тим. И на теренот и надвор од него, тој е лидер. За нас беше приоритет да останеме на Ајакс што е можно подолго. Тој е физички беспрекорно подготвен и во голема мера ќе придонесе за нашиот успех во иднина“, изјави директорот на Ајакс, Марк Овермарс.
He’s going nowhere…🔥
— AFC Ajax (@AFCAjax) July 16, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА