Македонската таеквондистрка Анамарија Георгиевска беше на чекор од медал на Европското првенство за млади сениори (до 21 година).
И покрај своите само 17 години, Георгиевски одбележа извонреден шампионат, победувајќи во елиминациските рунди против Украинката Јулија Коржавина и потоа против Русинката, Дијана Павленко. Во четвртфиналето водеше израмнета битка со Турчинката Икра Кајер но загуби тесно во самиот финиш со што остана без најмалку бронзен медал.
Денеска на шампионатот настапува нашата најголема надеж, Дејан Георгиевски (во категоријата +87 кг.) кој на стартот се среќава со Русинот Вадим Мелников.
Христијан Спасовски, пак, чека на победникот од мечот меѓу репрезентативците на Велик Британија и Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА