Дејан Георгиевски оствари фантастичен успех со обезбедувањето на А-норма за настап на Олимписките Игри во Токио. Македонскиот таеквондист не само што ќе биде дел од нашата експедиција на Олимписките Игри, туку според последните информации токму Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонија на Свеченото отворање на ОИ.
Оваа информација ја обелодени тренерот на таеквондо клубот „Бутел“, Дарко Костовски, на својот фејсбук профил.
„Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио“ – објави Костовски.
Дејан Георгиевски стигна до олимписка норма откако на квалификацискиот турнир во Софија (Бугарија) во големото финале со убедливи 13:6 го совлада актуелниот олимписки шампион, Радик Исаев од Азербејџан.
Тој е вториот македонски олимпиец учесник во Токио, по борачот Могамедгаџи Нуров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА