Таеквондо: По среброто, Парулеска и со злато од ЕП во Италија

Македонската репрезентативка во традиционално таеквондо, Христијана Парулеска освои златен медал на Европското првенство што се одржува во италијанското летувалиште Јесоло.

Државната првенка Парулеска во борба до 50 килограми во финалето ја совлада репрезентативката на Украина и се искачи на континенталниот трон. Ова е првпат во историјата македонската химна да се интонира на Европско првенство во традиционално таеквондо.

Парулеска пред два дена во силна конкуренција освои и сребрен медал во категоријата борба со замислен противник.

Се вчитува...