Желбата на на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е да го види Нејмар во белиот дрес на „кралскиот“ клуб, по сите изгледи ќе му се оствари. Шпанските медиуми тврдат дека таткото на бразилската ѕвезда, Нејмар сениор и претседателот Перез имаат склучено таен договор, да го доведат Нејмар во редовите на најголемиот ривал на Барса, и тоа во 2019 година.
Шпекулациите тврдат дека рекордниот трансфер во ПСЖ е само попатна станица, Нејмар ќе биде замената за Кристијано Роналдо, а секако и новиот предводник на „галактикосите“ за две години. Всушност, за Нејмар не било проблем да направи преселба во Реал и без да оди во ПСЖ, но од раководството на „каталонците“ го спречиле трансферот со цел да не се повторуваат грешките од минатото (Луис Фиго, Роберт Просинечки, Михаел Лаудруп).
Секако, за да се оствари нов рекорден трансфер, на Перез ќе му бидат потребни речиси двојно од парите кои ПСЖ ги исплати на Барселона, а тој би направил се за да си ја исполни желбата самиот на себе.
Реал се обидуваше да го купи Нејмар уште во деновите кога ги бранеше боите на Сантош, иако Перез наводно се договорил со таткото на Нејмар, бразилскиот напаѓач се одлучи за Барселона, да игра покрај Меси.
Доколку во сето ова има најмала вистина, Нејмар за две години повторо ќе заигра на „Ел Класико“, но овој пат во белиот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

