Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Карлос Алфредо Герини, почина на 74-годишна возраст, соопшти клубот на својот официјален веб сајт.
Герини настапуваше во кралскиот клуб во периодот од 1975 до 1979 година, и со клубот освои три шампионски титули. Во 85 одиграни меча, постигна 12 гола за Реал.
Покрај Реал Мадрид, Герини играше и во Генерал Паз, Росрио, Белграно, Бока Јуниорс, Талерес и за Малага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

