Тага во Франција: Почина легендарен фудбалер на Лион и на Бордо

Бернар Лакомб, поранешен француски фудбалер и легенда на Лион и подоцна на Бордо, почина на 73-годишна возраст. Тажната вест ја објави Лион, каде што Лакомб го помина поголемиот дел од својата играчка, а подоцна и тренерска кариера.

„Со огромна тага дознавме за смртта на Бернар Лакомб овој вторник вечерта. Сите наши мисли се со неговото семејство и најблиските, како и со сите оние кои го сакаат Олимпик Лион и фудбалот. Збогум, Бернар. Ти беше нашата легенда, најголемиот од сите“, објави Лион на социјалната мрежа „X“ без да даде детали за причината за смртта.

Лакомб беше напаѓач за време на својата играчка кариера и играше за Лион од 1969 до 1978 година, додека го водеше клубот како тренер од 1996 до 2000 година. Тој исто така играше за Сент-Етјен и Бордо, за кои играше од 1979 до 1987 година. Стана легенда на Бордо, и еден од фудбалерите со најмногу настапи за овој клуб.

Најголемиот успех во својата играчка кариера го постигнал играјќи за Бордо. Со Бордо освоил три титули во францускиот шампионат (1984, 1985 и 1987) и два Купа (1986 и 1987), како и еден „Трофеј на шампионите“. За селекцијата на Франција играше на 38 натпревари и постигна 12 голови. Со Франција го освои трофејот на ЕП во 1984 година.

Се вчитува...