Тага во Холандија: Згаснува Витезе!

Фудбалскиот клуб Витезе ја загуби својата последна правна битка за враќање на лиценцата за играње во професионалните холандски лиги, што би можело да значи крај на еден од најстарите фудбалски клубови во Холандија.

Холандскиот суд го отфрли барањето на Витезе за суспендирање на одлуката на Холандската фудбалска асоцијација (KNVB) во јули за одземање на професионалната лиценца на клубот.

Во соопштението на официјалната веб-страница, клубот изрази „длабоко разочарување и загриженост“ поради оваа одлука.

„Во претходниот период, направивме сè што е можно за да ги исполниме поставените услови, во соработка со инвеститорите и другите заинтересирани страни“, рече Мишел Шаај, претседател на групацијата инвеститори „Де Стеркхаудерс“, која се обиде да го спаси клубот.

Витезе е основан во 1892 година, прво како крикет клуб, а истата година е формиран и фудбалски тим. Тој го освои единствениот голем домашен трофеј во 2017 година, кога триумфираше во Холандскиот куп (KNVB Бекер).

Централниот окружен суд во Холандија изјави дека судијата пресудил дека KNVB не ги прекршил прописите за лиценцирање и дека неговата одлука е оправдана. Тој, исто така, оцени дека одлуката на комисијата за лиценцирање на Федерацијата била „доволно образложена“.

Се вчитува...