Сапуницата меѓу Мауро Икардо и Ванда Нара продолжува и летово откако поранешната манекенка реши да го напушти искусниот голгетер со кого има две ќерки.
Ванда му го прости неверството на Икарди пред неколку години додека тој играше во ПСЖ, причините за најновата разделба не се обелоденуваат во јавноста, но извори од тимот на Галатасарај тврдат дека целата ситуација тешко му паднала на најдобриот стрелец на тимот.
„Целата екипа е на подготовки во Австрија, но јасно е дека Мауро не е присутен „со главата“. Се наоѓа во депресија, тоа е повеќе од очигледно, нема никаков апетит, веќе ослабе шест килограми, намалена му е и мускулната маса, тоа се одразува и на тренинзите и на пријателските натпревари“, открива аргентинскиот новинар Густаво Мендез.
Мауро Икарди ланската сезона постигна 25 гола за Галатасарај, со што беше најзаслужен што овој тим се закити со титулата во турскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА