Сер Френк Вилијамс, основачот на еден од најтрофејните тимови во историјата на Формула 1, Вилијамс почина денеска на 79-годишна возраст. Вилијамс беше прв човек на британскиот тим до септември минатата година, а откако во петокот беше примен во болница, два дена подоцна го загуби својот живот.
Вилијамс повеќе од 50 години беше Ф1 шеф, водејќи два тима, од кои последниот кој го носеше неговото име освои седум титули кај возачите и девет кај конструкторите.
„Денеска оддаваме почит на една неверојатно сакана и инспиративна личност. На сите ќе им недостига Френк многу. Ги замолуваме сите пријатели и колеги да ги почитуваат желбите на семејството Вилијамс, за да им се овозможи приватност во овие моменти. А оние кои сакаат да му оддадат почит, ве молиме да донирате за Здружението за повреда на ‘рбетниот мозок, а ние ќе поддржиме оставање цвеќе пред седиштето на тимот. Деталите за комеморацијата ќе бидат објавени подоцна“, пишува во соопштението на тимот на Вилијамс.
A poignant memory
Flashback to when Lewis Hamilton took Sir Frank Williams on a Hot Lap around his beloved Silverstone pic.twitter.com/tAChZOnHyN
— Formula 1 (@F1) November 28, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА