Тах дециден: Следното лето си одам од Баер Леверкузен

Џонатан Тах нема намера да потпише нов договор со Баер Леверкузен и следното лето ќе ги напушти редовите на тимот предводен од Чаби Алонсо.

Одличниот дефанзивец летово беше поврзуван со Баерн Минхен, но „фармацевтите“ одбија да го продадат 28-годишниот германски репрезентативец на директен ривал. Проблем е што договорот на Тах истекува на крајот од оваа сезона, по што тој без никаква отштета ќе може да си замине од „Бај Арена“.

„Цели девет години сум во Леверкузен, ги доживеав сите подеми и падови, а врв дефинитивно беше ланската сезона во која освоивме се во Германија. Го досстигнавме врвот, а ако потпишам нов договор би играл во Баер до триесет и некоја година. Кариерата на фудбалерите е кратка и затоа сакам да доживеам уште некое различно искуство. За мене нема дилема, следното лето ќе се обидам со нешто ново, ќе барам нова авантура. Секогаш сум бил чесен и отворен, затоа и уште сега кажувам што ќе сторам. Во меѓувреме, немајте сомнеж дека до крајот на сезонава ќе го давам најдоброто од себе во дресот на Баер“, изјави Тах.

Баерн Минхен и Барселона важат за лидери во трката по овој одличен дефанзивец.

Се вчитува...