Летните олимписки игри во Париз ќе се одржат во Париз и неколку околни места, а сурферите веројатно нема ни да го видат главниот град на Франција, бидејќи за разлика од нивните колеги од другите 34 спортови, тие ќе се борат за медали на другиот крај на светот.
На Олимпијадата, сурферите се натпреваруваат само на кратки даски, кои се побрзи и полесни за контрола од долгите, што ги прави идеални за изведување спектакуларни трикови на вода, а својот натпревар ќе го имаат ни повеќе ни помалку на Тахити.
Натпреварите во сурфање на Олимпијадата во 2024 година започнуваат на 27. јули, а завршуваат на 8. август. И сето тоа во Француска Полинезија, не помалку од 24 часа со авион од главната олимписка сцена во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА