Тајгер по несреќата: Не се сеќавам на страотната сообраќајка

Еден од најдобрите голфери на сите времиња, Тајгер Вудс, беше опериран по сообраќајна несреќа што ја претрпе на крајот на февруари, во која се здоби со сериозни повреди на ногата, а според неговите блиски, 45-годишниот спортист не се сеќава на моментот на судирот.

Познатиот голфер е повреден во сообраќајна несреќа на 23 февруари – неговиот автомобил се превртел, а во несреќата не учествувало ниту едно друго возило. Вудс не претрпе повреди опасни по живот, но се соочува со долго и тешко закрепнување поради бројните повреди на десната нога.

„Полициските службеници го прашале како се случила сообраќајката, а Вудс кажал дека тој не знае ништо и дека не се сеќавал дека возел. Кога му била укажана прва помош и кога бил пренесен во болница, тој повторил дека ништо од тоа нема меморирано. Кога некое лице е повредено во сообраќајна несреќа, мора да откриеме која била причината за тоа. Ако не видиме дека е сторено какво било кривично дело, тогаш го дефинираме случајот како обична сообраќајна несреќа“, рече шерифот Џон Шлегл.

Вудс е член на ПГА турнејата од 1996 година, освојувајќи 15 големи турнири, оставајќи го само Џек Никлос пред него на вечната листа. Тој поседува бројни рекорди за голф и е најпрепознатливото лице во овој спорт.

Се вчитува...