Најпознатиот голф играч Тајгер Вудс бил инволвиран во сообраќајна несреќа во Флорида. Полицијата во соопштението наведува дека деталите моментално се испитуваат и дека дополнителни информации ќе бидат објавени наскоро на прес-конференција.
Вудс и претходно беше инволвиран во сообраќајна несреќа. Една од познатите е во 2021 година, кога лекарите му ја спасија ногата. Тогаш возел со брзина најмалку двојно поголема од дозволената.
Службените лица во тоа време изјавија дека нема знаци дека тој бил под дејство на алкохол или други супстанции. Истражителите беа критикувани затоа што не успеале да добијат судска наредба за земање примероци од крв од голферот, што можело да открие евентуално присуство на алкохол или дрога. Вудс не беше обвинет за таа несреќа во 2021 година.
Спортистот претходно се пријави на третман за употреба на лекови во 2017 година, откако истата година бил уапсен за возење под дејство на алкохол во Флорида.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

