Тајгер Вудс – најголемиот камбек во историјата спортот

3954 дена. Точно толку чекаше Тајгер Вудс за 15-та голема титула во кариерата. Во периодот од последниот трофеј на УС Опен 2008 до неделната победа на Мастерсот, Вудс помина низ се и сешто и имаше и големи подеми, но и огромни падови.

Јавната осуда на распадот на бракот го оддалечи од голфот. Потоа влезе во серија повреди и операции, паѓаше на ранкингот, а се сметаше дека кариерата му е готова. Проблемите му се зголемуваа и надвор од теренот. Во 2017 и беше уапсен под соменние дека вози под влијание на наркотици.

Но, вчера во Аугуста, 43-годишниот Тајгер Вудс го освои турнирот првпат по 2005 година. Неговото успешно враќање на спортот и големите резултати кои ги постигнува буквално ја кренаа на нозе Америка.

Поранешниот и актуелниот претседател, Барак Обама и Доналд Трамп конечно се согласија околу нешто. Дека Вудс е неверојатен.

Рекации има од најголемите спортски ѕвезди, Коби Брајант, Стеф Кари, Серена Вилијамс, Меџик Џонсон, Том Брејди, Герет Бејл, Гери Линекер.

 

 

 

Се вчитува...