Тајгер Вудс повторно е во шампионска форма

Тајгер Вудс триумфираше на завршната сесија на Шампионската голферска турнеја и ја забележа првата победа по пауза од пет години. За 42-годишниот Американец ова е 8о. ПГА титула во кариерата.

За него ова е неверојатно враќање кон успесите со оглед дека пред помалку од една година по операцијата на ’рбетот беше дури 1199. на светската ранкинг – листа.

Последен пат Вудс, кој се соочуваше и со серија други животни проблеми покрај повредите, освои турнир од Шампионската серија во август 2013 година.

 

Се вчитува...