Славните денови се минато за Тајгер Вудс, а некогаш најдобриот светски голфер сега со секој нов потег се повеќе го урива својот ионака нарушен имиџ. Вудс беше притворен откако не бил способен за возење на својот автомобил, а последните сознанија велат дека Американецот заспал зад воланот и полицајците кои дошле први на местото едвај го разбудиле.
Наспроти првичните информации, тој не бил пијан откако алко-тестот покажал 0,00 промили алкохол во крвта, но дополнителните испитувања покажале дека тој бил под дејство на четири различни лекови, и тоа Солоксекс, Викодин, Торикс и Виокс.
„Автомобилот се уште беше во движење, а десното светло трепкаше, па затоа кога се приближивме се изненадивме што возачот е заспан. Откако со многу мака го разбудивме, тој делуваше конфузно, не знаеше каде се наоѓа, а во неколку наврати во рок од десетина минути ја менуваше верзијата од каде тргнал и каде се упатил. Двата теста за алкохол покажаа 0,00 промили“ – се вели во извештајот на полицајците кои го запреа американскиот голфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА