Тајм-аут во АБА за кој „бруји“ целиот регион: „Го*на едни…“ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Клуж во петок вечерта пред домашна публика го совладаа тимот на Студентски Центар во 12. коло во АБА Лигата. Така стигнаа до осмата победа во регионалното натпреварување. Романскиот тим со овој триумф се проби на второто место на табелата во групата „А“, но со два меча повеќе во однос на Партизан.

Домаќинот од самиот старт наметна ритам и во голем дел од средбата имаше контрола над резултатот, додека гостите не успеваа да фатат приклучок. Сепак, натпреварот ќе остане запаметен по еден тајм аут, кога тренерот на гостите Петар Мијовиќ реагираше жестоко на судиски одлуки.

„Нема паѓање, овие г*мна цело време крадат. Нема паѓање, јасно!? На ивица на прекршок одиграјте. Г*мна едни, да ве е**м во устата селска“, им рече Мијовиќ на играчите.

Останува да се види дали Мијовиќ ќе биде казнет поради оваа снимка и навреди кон судиите.

 

Се вчитува...