Најпознатиот австралиски весник „Хералд Сан“ се занимаваше со најголемата мистерија на Австралија Опен. Цел свет се прашува каква е содржината на напитокот во шишето кое Новак Ѓоковиќ го добива на секој натпревар од својот физиотерапевт Миљан Амановиќ.
Новак го доби пијалакот и во дуелот против Андреј Рубљов во четвртфиналето, во средата, по само три одиграни гејма. Според Крег О’Шонеси, поранешен член на тимот на Новак, се е во рамките на правилата на спортот.
На шишето беше прикачена и белешка, која на теренот му ја предаде на Новак супервизорот на АТП Гери Армстронг. Познато е дека тренерот неодамна е дозволен, во случај играчот да биде на иста страна со неговиот „бокс“. Што се случува кога станува збор за ваква испорака за време на натпреварот, односно за паузите помеѓу игрите?
Надзорниците и судиите го дозволуваат тоа бидејќи едноставно сето тоа е невербално и не се меша во играта.
Споменатиот О’Шонеси тврди дека оние кои ја сметаат „испораката“ на пијалокот на Новак на сред меч за сомнителна едноставно не ги разбираат правилата.
„Играчите со себе носат разни работи на теренот, торба, рекети итн. И во многу случаи не знаат што ќе се случи. Не знаат какви електролити им требаат. Тоа е нормално и во согласност со правилата. Секој ден, тренерскиот тим, особено физиотерапевтите, нормално е да го прават тоа“, вели О’Шонеси и додава:
„Хералд Сан“ заклучува дека оваа мистерија не е нова и Ѓоковиќ за магичниот пијалок зборувал и на Вимблдон минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

