Ракометарите на Е. Пелистер под водство на новиот тренер Раул Алонсо, утре на домашен терен во Битола ги очекува новата пресметка со данска Федериција во Лигата на Шампионите.
„Пелистерци“ во минатото коло, токму против овој дански претставник, ја прекинаа долгата серија без триумф во ЛШ, па сега желбата е да се слави и во Битола, со што би бил направен значаен чекор напред кон нокаут фазата од елитното европско натпреварување.
„Јавноста очекува големи работи од нас на овој натпревар. Сепак, ќе биде многу тешко. Фредериција е одличен тим, а имавме и краток период да работиме со новиот тренер. Добро се подготвуваме и до среда ќе бидеме уште поспремни. Цел град очекува победа и ние ќе го дадеме својот максимум за да ја оствариме. Фредериција игра многу брза и специфична одбрана 3-3 и ние се подготвуваме за нив“ – вели ракометарот на Е. Пелистер, Домен Тајник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА