Ракометниот шампион на Македонија Е. Пелистер по долга пауза прави кам-бек во Лигата на шампионите.
Битолчани в среда од 18.45 часот на домашен терен во премиерата за новата сезона на домашен терен ќе го пречекаат норвешкиот Колштад.
Новото засилување на тимот, Домен Тајник верува во победа против Колштад.
„Откако дојдов во клубот, добро сум прифатен. Го загубивме Суперкупот, но верувам дека ќе биде подобро. Екипата е нова и ни треба воигрување. Се надевам дека на тренинзите ќе ги поправиме грешките. Верувам дека против Колштад ќе бидеме на ниво и ќе победиме. Лигата на шампионите е сон на секој ракометар. Пелистер е добра екипа која може да игра противн секој противник и се надевам дека ќе дадеме сè од себе. Дома, пред полна сала, можеме да изненадиме секого“, изјави Тајник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА