Приказната за малиот Душан Тодоровиќ од Србија кој има само 4 години доби крајно позитивен тек откако се најде за него таен донатор на средствата неопходни за операција во Барселона.
Парите биле донирани во последен момент, а и покрај обидите тајниот испраќач на истите да остане необелоденет во јавноста, сепак семејството Тодоровиќ немаше сили да го сокрие.
„Станува збор за господинот Немања Матиќ, не контактираше за да не извести дека тој ќе ја плати операцијата, и навистина од срце му се заблагодаруваме за овој благороден чин!“ – соопшти таткото на малиот Душан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА