Тајниот живот на Месут Озил – многумина ќе бидат шокирани…

Месут Озил можеби не блеска на теренот последнава година, но затоа надвор од него прави нешта кои ретко би ги направила било која фудбалска ѕвезда.

Фудбалерот на Арсенал никогаш не зборува за својата активност насочена кон хумани цели. Тој на венчавката со својата сопруга и ветил дека ќе финансира 1.000 детски операции ширум светот. И тоа веќе наголемо го прави, открива неговиот агент Еркут Шогут.

„Ми пријде и ми рече: Ајде да го промениме животот на 1.000 деца на кои им се неопходни финансиски средства за операции а немаат можност за тоа. Му одговорив дека тој во најмала рака би чинело неколку милиони евра, а тој ми одговори: ‘Ако сега не делам пари со другите на кои им се потребни, кога и со кога ќе ги делам?’. Месут доаѓа од сиромашно семејство, мајка му работела две работи за да може да ги издржува. Тој многу добро знае како е да се биде сиромашен“ – открива Еркут.

А, тоа не е единствената работа која Озил ја направил за сиромашните лица ширум светот. Осигурал и оброци за 100.000 избеглици во Турција и Сирија. Го направил тоа на денот на својата венчавка, и тоа било еден вид подарок за неговата сопруга.

„Го чинеше огромно богатство, но не размислуваше воопшто. Многу сакаше тоа да го направи. Посебно сака да им помага на децата, а не сака воопшто да се знае за ова. Но, ете јас чувствував дека треба да го раскажам“ – вели Еркут Шогут.

Се вчитува...