Тајрел Маласија се чека на лекарски прегледи, ќе следи потпис со Манчестер

Тајрел Маласија, дефанзивецот на Феенорд од Холандија, ќе биде официјализиран како ново засилување во одбраната на Манчестер Јунајтед и прв трансфер на „црвените ѓаволи“ под водство на новиот тренер Ерик тен Хаг.

Според најновите информации, 22-годишниот репрезентативец на „лалињата“ го поминал првиот дел од лекарските прегледи во англискиот клуб, а денеска ќе биде комплетиран и останатиот дел од лекарските прегледи, по што ќе биде потпишан и договорот за трансфер.

Претходно стана јасно дека Манчестер Јунајтед го договорил трансферот на Маласија за 15 милиони евра, плус 2 милиони во форма на бонуси и ќе потпише договор на 4 + 1 година.

Се вчитува...