Довчерашниот центар на Партизан, Тајрик Џонс дебитираше за новиот клуб Олимпијакос. По натпреварот во кој тимот од Пиреја постигна 120 поени со неверојатни 86,66% шут за два поени, Џонс, меѓу другото, зборуваше за непријатната разделба со Партизан.
„Сè беше малку комплицирано. Она што беше напишано во медиумите е генерално она што се случи. Морам да кажам едно, а тоа е дека прво ми рекоа да си одам, а потоа да останам. Таква беше ситуацијата. Сакав подобра средина, помирна, и физички и психички. Мило ми е што на крајот двата клуба најдоа решение и еве ме сега“, рече Џонс.
Следниот натпревар што Олимпијакос ќе го игра е против Партизан во Арената, но ќе биде без помошта на Џонс, бидејќи тоа беше договорот меѓу двата клуба.
„Морам да го прифатам тоа, тоа е дел од договорот. Подготвен сум да играм на сите други натпревари. Ќе направам сè за секогаш да бидам подготвен“ – вели Џонс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

